KompasEmployment opportunities

МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ!

Позиции постојат за Старосни Работници за ентузијастични и сочувствителни индивидуалци со соодветно искуство и квалификации кои што би сакале да се придружат кон нашиот тим за старосна грижа. Ние нудиме разни услуги насочени кон поддршка и помош во група, индивидуална поддршка и поддршка во заедницата во Илавара и во некои региони на Сиднеј. Способностите за ефективно комуницирање на Mакедонски, Српски, Хрватски или пак на други јазици е пожелна. Постојат и можности за приклучување кон нашиот тим на повремени/периодни услуги за помош. За повеќе информација или пак да аплицирате за овие позиции пратете ни имал на mwa@mwainc.org

Апликациите се отворени и треба да се адресирани до:

Verica Sajdovska, Manager, Macedonian Welfare Association of NSW Inc mwa@mwainc.org

НИЕ СМЕ ОТВОРЕНИ!

Со олеснувањето на КОВИД-19 рестрикциите, ве известуваме дека сме отворени за пристап и услуга. Иако групите за социјална поддршка се враќаат степено, имаме и нови услуги кои се достапни за помош во заедницата. За повеќе информација околу услугите и како да се здобиете со нив, јавете се на 4275 2266 за да закажете, пишете ни на нашата електронска пошта на mwa@mwainc.org или пак посетете не во нашата канцеларија во Порт Кембла.

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА!!!

Заради последните случувања со и околу COVID-19 (Корона Вирус) што влијае на сите нас, како и рестрикциите поставени од страна на Австралиската, републичката и локалната влада за заштита на сите, ние немавме друг избор освен да го затвориме поголемиот дел од нашите услуги за заедницата и да го отстраниме пристапот кон и користењето на Порт Кембла Центарот за Постари Жители (Port Kembla Senior Citizens Centre) од страна на поединци и групи од заедницата на неодредено време. Нашите групи за социјална и старосна поддршка престанаа да се сретнуваат. Заради тоа ние мораше добро да размислиме како да продолжиме да ги поддржуваме членовите на заедницата на кои им е потребна понатамошна поддршка. ИАКО НАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА Е ЗАТВОРЕНА, НИЕ СМЕ СЕУШТЕ ТУКА и достапни за сите вас преку нашиот телефонски број 4275 2266 или пак по електронска пошта на mwa@mwainc.org
НИЕ СМЕ ПОСВЕТЕНИ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЗАЕДНИЦАТА. Услугите кои ги нудиме вклучуваат свежо приготвено традиционално јадење донесено до вашата врата, транспорт до неопходни состаноци, пазарење, банкирање, проверка на добросостојба и индивидуална социјална поддршка. Ако ви е потребна помош на вас, или пак на некој од вашата фамилија, соседи или пријатели, јавете ни се и ние ќе се потрудиме да им помогнеме. Се надеваме дека сите заедно ќе го пребродиме овој тежок период и дека откога ќе се помине, ќе продолжиме со полна пареа напред да ја поддржуваме заедницата.

ЗАПОМНЕТЕ!!! НИЕ СМЕ ОД ДРУГАТА СТРАНА НА СЛУШАЛКАТА!!!

Македонското Добротворно Здружение на НЈВ Инк е заснована непрофитна организација, основана во 1984 година со цел за помагање на Македонската и други заедници од Илавара. Организацијата добива средства од Федералната и владата на НЈВ на годишна основа за водење на Здружението, своите програми и активности.

Што се случува

Seniors Week прослава 2019

Секоја година се организира прослава на националната Недела на Сениорите и придонесот на сениорите во Австралиското Општество. Оваа година оваа прослава ќе се оддржи на 21 February 2019 во Port Kembla Senior Citizens centre со почеток во 10 часот претпладне до 2 часот попладне. Дојдете и придружете ни се на оваа прослава на македонски начин со македонска песна, јадење и музика. Картите чинат $20pp. За резервации јавете се на 42752266 најдосна до 18/02/2019.

Победници на наградата Македонско Сонце за 2017 година

На последната МАКТЕЛ Македонска бизнис прослава оддржана на 28/09/2018, Македонското Добротворно Здружение на НЈВ ја доби наградата Македонско Сонце за постигнувања во 2017 година во сферата на општествени услуги. Ова е големо постигнување и чест за нас.

Крај на Годината прослава

Секоја година кон средината на Декември се организира прослава на постигнувањата во текот на годината. оваа прослава е заедничка со сите учесници, членови, волонтерци, вработени и членови во управниот одбор на организацијата со цел да се одбележат успеците и да се зацрвстат врските за во следната година.

Обука за Управните Одбори

Обука за управните одбори на бројните локални македонски организации се организира од време на време на теми од интерест како што се улогите и одговорностите на управните одбори, управување со непрофитни организации, водење на состаноци и слично. Оваа услуга есе води во консултација со програмот за развиток на заедницата.

Годишен Состанок

Годишните состаноци на Македонското Добротворно Здружение на НЈВ обично се оддржуваат во текот на месец Ноември. Овој состанок обично се оддржува во просториите на Port Kembla Senior Citizens centre во Порт Кембла. Сите членови се поканети да присуствуваат за да слушнат за постигнувањата на организацијата во текот на минатата финансиска година како и да слушнат за идните правци на организацијата.

Информативна сесија за Деменција

Над 80 луѓе присуствуваа на 22 Октомври каде што присутните можеа да слушнат за разни услуги кои се нудат од страна на Мултикутурниот Здравствен Сервис, Советот за Деменција, Illawarra Commonwealth Respite Carelink Centre како и лично искуство на грижител на лице со деменција. Големиот број на присутни како и тоа дека сме заедница што старее, покажуваат голем интерес за да се дознае повеќе за деменцијата и голема потреба за вакви специфични услуги во заедницата.